Бензините и дизелот поевтинуваат половина денар

Bez autora
Aug 17 2021

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на претходната недела.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел(Д-Е V) се намалуваат за половина денар по литар и од полноќ ќе се продаваат, по нови, намалени цени:

– Бензин еуросупер БС-95: 71 денар/литар
– Бензин еуросупер БС -98: 73,50 денари/литар
– Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V): 62 денарa/литар

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 62 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik